Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во ЦУК, добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК), противпожарните тимови интервенирале на вкупно 22 пожара, а активен е уште е еден: во Општина Македонски Брод, над село Белица, кај месноста „Аргулица“, каде што гори ретка борова шума на тешко пристапен терен. За време на викенд има најмногу пожари на отворено, според податоците од изминатите неколку викенди, велат од ЦУК.

„Апелираме до сите земјоделци и сточарите да не ги палат стрништата и пасиштата, а до граѓаните да се воздржат од палење оган при престојот во природа, како што и директорот на ЦУК Стојанче Ангелов посочува при неговите апели во јавноста, бидејќи сериозни врнежи нема подолго време и истовремено не се очекуваат барем до понеделник, вегетацијата е исклучително сува, дневните температури се уште се високи, а пожарникарите и пилотите се исцрпени и на крај на силите.

Пожари, како и другите итни случаи што претставуваат опасност за грѓаните, материјалните и природните добра се пријавуваат на 112 во ЦУК. Неодминливо е да се посочи дека медиумите, според нивното информирање и тематско елаборирање во поглед на поголема безбедност на граѓаните од природни и други катастрофи покажуваат голема општествена одговорност за подигање на општествената свест за индивидуалната и колективна безбедност“, соопшти ЦУК.

Вчерашните изгаснати 21 пожар на отворено, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, отпадоци, а и овошни насади биле во на територијата на целата држава.

По еден пожар имало во 13 општини: Шуто Оризари, Чучер-Сандево, Студеничани, Прилеп, Крушево, Чашка, Росоман, Штип, Чешиново-Облешево, Зрновци, Свети Николе, Сарај и во Општина Ѓорче Петров.

По два пожара имало во две општини: Долнени и во Старо Нагоричане.

Четири пожари на отворено имало во Општина Куманово, конкретно во населбата „Карпош“, кај село Черкезе, село Речица и кај „Никуљски Пат“, каде што горела ниска вегетација и стрниште.