Канада денеска најави дека во покраината Британска Колумбија привремено ќе биде декриминилизирано поседувањето мали количества дрога.
Како што објави Би-Би-Си, пробниот период што за првпат ќе се спроведува во Канада ќе трае три години.
Според одредбите, на возрасните лица ќе им биде дозволено да поседуваат вклупно 2,5 грама опоиди, кокаин, метамфетамин или екстази.
Тие супстанции и натаму остануваат илегални, но возрасните лица кај кои полицијата ќе ги пронајде нема да бидат приведувани или обвинувани, ниту ќе им биде запленета дрогата. Наместо тоа, ќе им бидат приложени дополнителни информ ации за достапноста до здавствени или социјални услуги.
Британска Колумбија барањето за воведувањето на мерката го поднесе со цел лицата што користат дрога да се ослободат од чувството на вина доколку сакаат да побараат помош.
-Ова го правиме за да спасиме животи, но и на луѓето што користат дроги да им пружиме достоинство и можност на избор, изјави канадската сојузна министерка за ментално здравје и болести на зависност, Каролин Бенет.
Градоначалникот на Ванкувер, Кенеди Стјуарт, рече дека одлуката претставува „суштнско преиспитување на политиката кон дрогите, фаворизирајќи здравствена заштита пред лисици“.
Програмата ќе трае од 2023 до 2026 година. Од неа се изземени основните и средните училишта, објектите за грижа кон децата, аеродромите и армијата.