Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во Могила и Новаци вчера, во првиот круг на локалните избори добија убедлива победа.

Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Могила. Тој освои 57,28% од гласовите.

Кандидатот на СДСМ Јасмина Гулевска изгуби со 36,81% освоени гласови.

Новаци доби градоначалник во првиот круг. И таму победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Стевче Стевановски освои 51,29% од гласовите на граѓаните.