ВМРО – ДПМНЕ денеска на седница на Извршен комитет треба да ги соопшти имињата на министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и на дополнителните заменици министри за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, кои ќе бидат дел од техничката влада.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски беше овластен од Централниот комитет на партијата да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада. Во консултација со Извршниот комитет и други истакнати членови на партијата, но и со пошироки општествени чинители, тој ќе ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада.
Техничката влада треба да биде избрана сто дена пред парламентарните избори што се договорени за 8 мај, односно на 28 јануари. На 24 април ќе се одржат претседателските избори.