Жителите на скопскиата населба Капиштец во предизборните кампањи на политичките партии видоа прилика да најдат решение за нивниот долгогодишен проблем, бучавата која ја создава клубот интермецо.
На влезните врати на дел од зградите беше поставено соопштение во кое политичките партии се повикуваат во своите програми да го стават нивниот проблем, а во спротивно, ќе бидат избркани на клоци.
Соопштение до сите партиски активисти.
Ве известуваме и предупредуваме дека:
Ако во вашите изборни програми не е експлицитно ветено дека ќе се воведе ред со бучавата и сообраќајот кај Интермецо и другите кафани / ресторани / клубоци, ќе бидете на клоци избркани!
Главниот проблем со кој се соочуваат граѓаните на Капиштец е тоа што клубот Интермецо наместо во законски предвидното работно време до 01 часот по полноќ, работи до 03 или 04 навечер и се слуша гласна музика која ги вознемирува жителите на околните згради.
Граѓаните кои живеат во населбата, велат дека наместо да ги затвори за пречекорување на работното време, полицијата го чува Интермецо до 03 или 04 часот наутро, додека началниците блиски до владејачката СДСМ седат во локалот.
Во исто време, загрижувачки е и тоа што Државната Пазарна Инспекција со години го толерира ова.