Тој категорично ги отфрли предлозите кои не се во согласност со рамковната позиција на Бугарија за евроинтеграцијата на Македонија.

– Никакви нови „креативни“ предлози кои не одговараат на секоја точка од рамковната позиција на Бугарија од 2019 година, поддржана со Декларација на Народното собрание, не можат и не смеат да бидат прифатени. Никакви еднострани декларации или ветувања на Скопје кои не се условени со јасни механизми за исполнување и санкции кои што треба да бидат вклучени во преговарачката рамка, не можа и не смеат да бидат прифатени, напиша Каракачанов на „Фејсбук“.

Тој додава и дека „без јасно признавање од страна на Скопје на бугарските корени, бугарскиот идентитет и јазик на населението на Македонија во минатото, не може да има промена на бугарската позиција”.

Каракачанов бара да запре, како што вели, негативната кампања на Скопје кон Бугарија и намалтретирањето на Бугарите во земјата и порачува дека „компромис со лагата и измамата нема да има”.