Ако овие проценти се задржат до крај, ова ќе биде првиот бугарски парламент без партии со крајна националистичка програма, пренесуваат бугарските медиуми.

Најголем губитник на овие избори е Красимир Каракачанов, актуелниот вицепремиер и министер за одбрана, кој засега има 3,52 отсто од гласовите и е под прагот од 4 отсто за влез во парламентот. Неговата партија ВМРО пред два месеца реши да се раздели од партијата НФСБ со која беше во коалиција, со идеја дека може сама да го надмине прагот од 4 отсто.