Мерката, која треба да биде укината на 19 јули, наречена „Ден на слободата“, долго време ја бараа туристичките работници, кои се тешко погодени од пандемијата на коронавирусот.
Од тој датум, „британските граѓани кои се целосно вакцинирани … повеќе нема да мора да одат во изолација по враќањето во Англија“, изјави пред Парламентот министерот за транспорт, Грант Шапс.
Децата, кои сè уште не се вклучени во кампањата за вакцинација во Велика Британија, исто така, нема да мора да одат во 10-дневен карантин.
Сепак, и понатаму ќе биде потребен ПЦР тест извршен најдоцна 72 часа пред поаѓањето и на вториот ден по пристигнувањето.
Патниците од земјите кои се наоѓаат на „црвената“ листа ќе мора задолжително да заминат во хотелски карантин на свој трошок, додека на патниците од „зелените“ земји им е укинат карантинот од претходно.
Повеќе од 64 проценти од возрасните Британци досега примиле две дози на вакцина против коронавирус, а 86 проценти само прва доза. Целта е да се вакцинираат сите на возраст над 18 години до средината на септември.