Од нив, осум возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 87 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 86 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од Министерството за внатрешни работи.