Како што информира МВР, по претходно преземени мерки утврдено е дека Ј.А. пукал со огнено оружје на семејна веселба, при што со наредба од судија на претходна постапка е извршен претрес во неговиот дом каде е пронајдена муниција која тој бесправно ја поседувал.

Ј.А. е изведен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.