Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи, информираат од МВР и соопштија дека се санкционирани 89 возачи.

– При акциската контрола санкционирани се и 162 друг вид на сообраќајни прекршоци. Министерството за внатрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, додаваат од МВР.