ОВР Кичево до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.А. (42) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.
-При претрес во домот на Н.А., извршен со судска наредба на 20.3.2021 година, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден автоматски пиштол и 25 куршуми калибар 9 милиметри , кои нелегално ги поседувал, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.