Началникот на Генералштабот на украинската армија, Валериј Залужни, на Фејсбук објави дека неговите војници успеале да ја стабилизираат ситуацијата околу Бахмут.
Осум месеци градот е епицентар на најжестоките борби против руските сили во источна Украина.
Според извештајот на британското разузнавање објавен денеска, „напредувањето на Русија кон Бахмут, во регионот на Донбас, во голема мера е запрено“. „Ова веројатно се должи на екстремната исцрпеност на руските сили“, соопшти разузнавачката агенција, додавајќи дека и силите на Киев претрпеле многу жртви.
Врховниот командант на копнените сили Александар Сирски во четвртокот преку Телеграм објави дека наскоро би можела да започне контраофанзива против Русите во близина на Бахмут.