Кина вчера го пријави својот најголем број случаи на коронавирус во послед ните шест месеци, еден ден откако здравствените власти соопштија дека продолжуваат да се придржуваат до строгите ограничувања за коронавирус.

Кина евидентираше 4.610 нови случаи, од ​​кои 588 се симптоматски, а 4.022 се асимптоматски, соопштија кинеските здравствени власти.

Ова е најголем број заразени од 6 мај. Во петокот новите случаи биле 3.837, од кои 657 биле симптоматски.