Бразил, кој изминатите седмици стана глобалниот епицентар на пандемијата на коронавирусот, забележа повеќе од 37.000 нови случаи на зараза, соопшти министерството за здравство во неделата. Со повеќе од 353.000 починати, најглолемата латиноамериканска земја е втора според починатите во светот, по САД.
Ширењето на болеста во Бразил неодамна влезе во најтешката фаза поради недостиг од сојузни мерки, нерамномерната кампања на вакцинирањето и новиот P1 сој на вирусот.
Биомедицинскиот институт „Бутантан“ од Сао Паоло, кој го исптиваше и сега ја произведува вакцината „CoronaVac“ на кинеската фарамцевтска компанија „Sinovac Biotech Ltd.“, соопшти во неделата дека испитувањето кое го спрвеле на 12.400 волонетри ширум Бразил, покажало дека вакцината е 50,7 отсто ефикасна во борбата против сојот P1 и помалку раширениот сој познат како P2.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој изразува сомневања во вакцините и беше критикуван поради начините за справување со пандемијата, во почетокот изјавуваше дека неговата влада нема да ја набавува кинеската вакцина. Потоа следеше пресвртот, владата настојуваше да обезбеди резерви па кинеската вакцина стана најраширената во Брзил.
Институтот „Бутантан“ соопштио дека ефикасноста на вакцината се зголемува на 62,3 отсто доколку втората доза се одложи за повеќе од две седмици, а вакцината меѓу 83,7 и 100 отсто успешно ги штити заразените од потребата за лекарска помош.