Кинески хакери ја пробиле електронската пошта на американскиот амбасадор во Пекинг, Николас Барнс, како дел од шпионска операција за која се верува дека компромитирала најмалку стотици илјади индивидуални електронски пораки на американската влада.
Како дел од операцијата, хакирана е и сметката на помошникот државен секретар за Источна Азија, Данијел Критенбринк, објави Wall Street Journal, повикувајќи се на неименувани извори.
Стејт департментот одби да даде детали, додавајќи дека истрагата се уште е во тек, пренесува Танјуг.
Хакерски напади
„Од безбедносни причини, во овој момент нема да споделуваме дополнителни информации за природата и обемот на овој инцидент со сајбер безбедноста“, соопшти американскиот Стејт департмент.
Претходно беше објавено дека сметката на американската министерка за трговија Џина Раимондо била хакирана.
Мајкрософт минатата недела објави дека кинеските хакери присвоиле еден од неговите дигитални клучеви и користеле пропуст во неговиот код за да украдат е-пошта од владините агенции на САД и други клиенти.