Значки со ликот на Мао Це Тунг на церемонијата на доделување на медалите носеа Бао Шанју и Жонг Тианши.

МОК соопшти оти детално ќе го испита целиот случај за да утврди дали кинеската страна евентуално ја прекршила Олимписката повелба, која забранува испраќање политички пораки од победничкиот пиедестал.

– Можам да соопштам дека веќе го контактиравме Кинескиот олимписки комитет и го испитуваме случајот, изјави портпаролот на МОК, Марк Адамс.

Инаку, Мао Це Тунг е лидер на комунистичка Кина се до неговата смрт во 1976-та година. За време на неговото владеење и „големиот скок напред“, како последица главно на глад поттикнат од лошите економски реформи, според различни извори починале помеѓу 40 и 50 милиони луѓе.