Популарните платформи за е-трговија „Тему“ и „Шејн“ најавија зголемување на цените од 25 април, како одговор на новите трговски ограничувања што ги воведе САД.
Двете компании, кои последниве години стекнаа огромна популарност поради своите ниски цени и широка палета на производи, го обвинија зголемувањето на оперативните трошоци како причина за ценовната корекција.
„Поради неодамнешните промени во правилата и тарифите во глобалната трговија, нашите трошоци пораснаа. За да го одржиме квалитетот што го очекувате, ќе мора да ги прилагодиме цените од 25 април“, стои во нивното заедничко соопштение, пренесено од агенцијата Ројтерс.
Новите царини се резултат на мерката потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп, со која се укинува т.н. „царинска дупка“ — регулатива што досега овозможуваше стока под 800 долари да влезе во САД без давачки. Наредбата стапува на сила на 2 мај.
„Тему“ и „Шејн“ ги повикаа своите корисници да купуваат по тековните цени до 25 април, пред новите тарифи да стапат во сила.