Налепници на регистарските таблички се можно решение за обврските со Преспанскиот договор. Министерот Спасовски во интервју за Радио Слободна Европа рече дека работна група во МВР ги разгледува сите опции, а се прават и консултации со Транспорт, но и со превозниците, со цел товарот да не падне врз граѓаните и бизнисот.
-За многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните во делот за промена на регистарските таблички. Јас така барем се надевам и очекувам. Со тоа што, од друга страна ќе мора да стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа.
„Значи граѓаните да не брзаат со промена на табличките?“
-И налепниците се една од опциите. Меѓутоа, кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните, рече Спасовски.
Ова доаѓа по силните реакции од јавноста откако беше соопштено дека за секое возило кое на табличките ја нема ознаката „НМК“ ќе треба да се плати по 1.600 денари за промена на табличките.
Во 2019 година, кога овие таблички влегоа во промет, во Македонија имало регистрирани 490 илјади возила. Во најдоброто сценарио за државата, доколку сите возила треба да ги променат табличките, граѓаните и бизнисот во државниот буџет ќе слеат 12,7 милиони евра.
Освен тоа, до февруари следната година сите кои имаат лични документи со „Република Македонија“ ќе мора да ги променат. Дополнително на тоа, МВР со новиот ценовник го поскапи вадењето на сите документи. Па така, личната карта ќе биде поскапа за 65%, возачката за 50%, а пасошите за 30%.
Во Македонија има 1,5 милиони полнолетни луѓе. Во груба пресметка, под претпоставка дека сите имаат лична карта, возачка и пасош, во државниот буџет од промената на личните документи со „Северна“ по редовна постапка би се слеале нешто над 60 милиони евра.
2019 – 487 207 – 779 531 200 денари – 12 675 304
Вкупно регистрирани возила во 2021 година – 549 653 – 879 444 800 денари – 14 299 915
16+ = 1 505 154
ЛИЧНА КАРТА
466597740 ДЕНАРИ
7586955 ЕВРА
ДО 27 ГОДИНИ
292 614 000 ДЕНАРИ
47695 ЕВРА
НАД 27 ГОДИНИ
2 620 156 000 ДЕНАРИ
42 604 162 ЕВРА
ВОЗАЧКИ
617 113 140 ДЕНАРИ
10 034 360 ЕВРА