Тој вели дека се обратил до Европската комисија откако српскиот политиколог Драган Симеуновиќ ги обвинил Бугарите за злосторства во минатото, за насилна бугаризација и територијални претензии кон Србија.

-Бугарите се познати по злосторствата што ги правеа каде и да одеа. Германците убиваа само, додека Бугарите ги малтретираа своите жртви. Тие имаа и одреди за силување, рече политикологот во февруари.

-Поради сите овие недозволиви, грди и невистинити манипулации, и се обратив на ЕК. Се обратив на Комисијата со прашањето, дали ќе побара од Србија објаснување зошто се обидува да ја демонизира Бугарија и да го дестабилизира регионот со помош на ваквите изјави и предлози? , напиша Џамбаски на Фејсбук.

Додава дека одговорот од Европската комисија е дека политичките лидери на Балканот треба да дадат пример за создавање атмосфера на заемна доверба, одржување на добрососедски односи, регионална соработка, принципи и вредности промовирани од ЕУ.

Според Џамбаски, Србија треба да ги почитува правата на националните малцинства во согласност со Поглавје 23. „Ова поглавје предвидува Србија да преземе мерки насочени кон зголемување на нивото на толеранција меѓу граѓаните, меѓу другото преку едукација и подигање на свеста за тоа како да се бори против злосторствата од омраза и да се осигури дека ваквите случаи се ефикасно истражени. Според него Комисијата продолжува да го следи развојот на ситуацијата во оваа сфера, како и учеството во дијалогот со српските власти.