Натпреварот во кој Азурите обезбедија финале со триумфот од 4:2 на пенали го гледале 19 милиони и 822 илјади италијански љубители на фудбалот.
Настанот на каналот РАИ 1 го следеле 17.414.000 гледачи, а други 2.408.000 го проследиле натпреварот преку Скај Спорт 1.
Меѓу 50-те најгледани телевизиски настани во италијанската историја сите се фудбалски натпревари, а на 46 од нив настапила националната репрезентација.