Трет напад кон Раде Трајковски – Штекли
Трет напад кон Раде Трајковски – Штекли се случил утрово, кога во дворот од семејната куќа му била фрлена експлозивна направа. Оттаму тој бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а според информациите тој е надвор од животна опасност.
Експлодираше бомба во скопска Ќерамидница: Нов обид за убиство на Раде Штекли?
Претходната година два пати беше мета на напад во трговскиот центар „Ист гејт“ каде и двата пати преживеа напад од огнено оружје. При тогашното пукање, имаше и видео кое беше вирално на социјалните мрежи.
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Детали за пукањето во Ист Гејт, било пукано на ескалатор
Кој е Раде Трајковски – Штекли?
Пред шест години името на Раде Трајковски викан Штекли ги опколи македонските медиуми кои го поврзаа со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Но подоцна осомничен и обвинет беше Филип Секуловски- Кобра.
Истиот во 2011-та година бил приведен и од италијанската полиција поради поврзаност со местењето на натпревари во италијанската калчо лига.
Заради малверзациите тој во текот на 2021-та година беше уапсен во Белград.
Немири во скопското подземје
Со двојното убиство во „Шиша бар“ под скопско Кале почна ново прегрупирање во скопското подземје. Името на Штекли во последните години не се споменуваше многу често по медиумите, освен кога беше уапсен и екстрадиран. Неговото име не се споменуваше ниту во мафијашките пресметки кои почнаа со убиството на Јетон Кривањева – Жила и Енес Исеинов-Љаци од криминалната група „Дуќанџик“.
Брзо по двојното убиство, во Приштина беше убиен Бљерим Даци, македонски државјанин од Чаир, а неговото безживотно тело беше најдено во автомобил.
На околу еден километар од убиството беше најден запален автомобил со германска регистрација. Косовските медиуми тогаш објавија дека Даци бил осомничен токму за убиството во „Шиша бар“.
Според официјалните документи, семејното презиме на Бљерим е Даци, а го сменил во Шабани, откако издржал 18 месеци затвор во Пакистан како припадник на Ал каеда.
Еден месец по убиството во Приштина, во апартман во Ханиоти, на Халкидики убиен беше и неформалниот водач на „Дуќанџик“, триесет и деветгодишниот Орхан Ибраими-Оки.
Со убиството на Оки, криминалната група „Дуќанџик“ остана обезглавена. Токму оваа група беше главна во подземјето во постојана ривалска битка со другата група „Беланоца“.