За време на свеченоста по повод почестокот на преговорите со Албанија,  Рама го спомна и спорот на Македонија со Бугарија и со Грција.

„Се чувствуваме тажни и стотици пати кажувам дека нашите браќа од Македонија сѐ уште не успеале да влезат во оваа фаза од процесот, иако беа први. Се чувствувам малку засрамено што треба да размислувам за понижувањето на Македонија која го смени и името. Различните ставови за тоа која била мајка на народниот херој и со кого водела љубов, дали биле поврзани кога решиле да водат љубов, се многу интересни теми за историчарите, но мислам дека не се дел од сето она што нѐ поврзува да станеме дел од ЕУ.  За нас и за мене, достигнувањето на ЕУ е да научиме да го гледаме патот со очите на иднината“, порача Рама.