Колумбискиот фудбалер, почина на 24-годишна возраст, за време на тренинг на неговиот клуб Реал Санта Круз од Боливија.

Клубот соопшти дека Белтран починал од респираторна инсуфициенција, а неговите соиграчи велат дека почувствувал мачнина и набргу потоа паднал на земја. Клупските лекари повикале брза помош, која се обидела да го реанимира, но безуспешно.

Тренираше како и обично, а потоа колабираше. Се обидоа да го реанимираат, но тој почина додека беше префрлен во болница“, изјави менаџерот на Санта Круз, Адолфо Сорија Галваро.

Претседателот на Фудбалската федерација на Боливија, Фернандо Коста изрази сочувство до семејството и рече дека ќе го поддржи клубот и семејството на Белтран. Тој додаде дека ќе се спроведе истрага.