Закажан е состанокот на Комисијата за заразни болести. Ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да кажам дали ќе имаме нова препорака до владата или не, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

По завршувањето на состанокот, министерот по здравство ќе одржи прес-конференција во 11 часот, во која ќе ги соопшти одлуките од седницата на Комисијата за заразни болести.

Вчера имаше 999 нови случаи со коронавирус во Македонија, а најголем дел од нив се со новиот британски сој кој е многу полесно пренослив и со поголема моќ, односно во пократок временски период може да заразни повеќе лица.