Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека почнуваат со промотивна кампања за електронските услуги за компаниите.
Андоновски најави дека компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривичнаta евиденција од основните судови.
„Само еден клик до потребната услуга. Една од најкористените е-услуги за правните лица е издавањето уверение од кривична евиденција од основните судови. Наместо одење на шалтер и губење време, компаниите можат електронски да поднесат барање преку Националниот портал uslugi.gov.mk. Побрза постапка, помалку бирократија и повеќе време за работа и развој“, објави министерот Андоновски на Фејсбук.
Тој додаде дека дигиталната трансформација има вистинска вредност кога институциите стануваат поефикасни, а услугите подостапни за граѓаните и компаниите.
