Рекорден број на новинари и медиумски работници беа присутни на годишното Изборно собрание на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на кое се гласаше за нов Претседател на Здружението и за нови членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор и Советот на чест при ЗНМ.
Присутни во салата беа околу 500-тини новинари и медиумски работници, од кои регистрирани со право на глас беа 487 новинари.
Резултатите се следни:
За Претседател на ЗНМ е избран Младен Чадиковски со 275 гласови, Марјан Николовски освои 119 и Фиљана Кока 53 гласови, а неважечки ливчиња беа 11 од вкупно 458 гласа.
За членови на Управен одбор се избрани:
Анета Блажевска
Аслан Вишко
Сенат Зулбеари
Трајче Илиевски
Мишко Иванов
Маја Јовановска
Петар Клинчарски
Искра Опетчевска
Среќко Поповски
Ристо Тасев
За членови на Надзорен одбор се избрани:
Мефаил Исмаили
Роберт Коцев
Сеад Ризвановиќ
Горан Симоновски
Миомир Серафиновиќ
За членови на Совет на честа се избрани:
Саше Димовски
Огнен Јаневски
Мира Костиќ
Емилија Мисирлиевски
Игор Стефановски
Годишното редовно Изборно собрание беше најпосетениот новинарски настан во Македонија каде што на демократски и фер начин, новинарите и медиумските работници го искажаа своето мислење за иднината на новинарството во која ќе продолжат да се имплементираат и понатаму принципите на професионалното новинарство, информираат од ЗНМ.