Конференцијата се базира на истоимениот документ, коавторско дело на Зоран Нечев и Мари Јеленка Кирхнер од Институтот за демократија и има за цел да поттикне дискусија за можностите за диверзификација, скратување и релокализација на европските синџири за снабдување.

Воведни обраќања на настанот ќе имаат претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, заменик регионалниот директор на ЦИПЕ за Европа и Евроазија, Ерик Хонц и заменик генералниот секретар на РЦЦ, Тања Мишевиќ.

Предвидено е на конференцијата да се обратат Мари Јеленка Кирхнер, вонреден истражувач на Институтот за демократија и кандидат за докторант на Универзитетот во Грац, Бранимир Јовановиќ, економист во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, Питер Грк, генерален секретар на Бледскиот стратешки форум и координатор за Западниот Балкан во словенечкото Министерство за надворешни работи, Матеј Закоњчек, директор на Транспортната заедница, Ненад Ѓурчевиќ, виш советник на претседателот на Трговско-индустриската комора на Србија и Татјана Штерјова Душковска, генерален секретар на Комората на Инвестицискиот форум Западен Балкан 6.