Во вечерашната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24 свое вклучување имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски кој што истакна дека Битола е град кој не го одминува миграциониот бран, но како општина се трудат да вложуваат и во образованието и во инфраструктурата се со цел да ги задржат младите во земјата.

„Битола е град кој не го одминува миграциониот бран, што се однесува за податоците во образованието заклучно до 15 септември зборуваме за 12 основни училишта и 6 средни училишта. Бројките за основните училишта заклучно бројот на запишани првачиња е 800 бројката минатата школска година била 769 ние овде имаме зголемување. Правиме се за да го направиме градот да живее онака како што доликува и Битолчани да имаат што повеќе услови за останување овде особено младите. Битола беше преплавена од луѓе оваа година од дијаспората. Дава надеж дека многумина се веќе и спремни да се вратат“, посочи Коњановски.

Коњановски посочи дека општина Битола многу вложува и прави се за да ги задржи младите во градот и земјата, како во образованието така и во инфраструктурата.

„Она што го прави општината е со различни активности да ги помогне младите во однос на првачињата ние втора година даваме еднократна помош, финансиска од 3.000 денари. И јавен повик за талентирани ученици на државни и меѓународни натпревари, за државни еднократната помош е 5.000 денари за меѓународни е 6.000 денари. Исто така многу се залагаме и во инфраструктурата на училиштата“, истакна Коњановски.

Коњановски посочи дека во образованието постои намалување скоро во сите паралелки на деца и се трудат да го задржат минимумот од 20 деца по паралелка.