Упорното удирање со глава во ѕид од страна на СДСМ станува сè поочигледно, особено откако бугарските власти отворено порачаа дека уставните измени не се последната станица од нивните барања. И покрај секојдневните сигнали од Софија, СДСМ се однесува како да живее во изолација, па шири ПР-оптимизам дека измените ќе ја забрзаат евроинтеграцијата – нешто што реалноста упорно го демантира“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Министерот за надворешни работи на Бугарија директно кажа – ова не е последното условување, ќе следуваат и други барања.“
Според ВМРО-ДПМНЕ, и покрај ваквите отворени изјави, СДСМ продолжува да ги застапува позициите на официјална Софија, дури и кога тие се на директна штета на македонскиот идентитет, народ и македонските интереси.
„СДСМ, наместо решенија, нуди сервилност и национално обезличување. Во обид да се додворат на Бугарија, стигнаа дотаму што ги нарекоа Гоце Делчев Бугарин, а македонскиот јазик – бугарски дијалект“, стои во реакцијата.
Граѓаните веќе го дадоа својот суд и порачаа – СДСМ нема капацитет да ја води државата. ВМРО-ДПМНЕ останува цврст бранител на македонските интереси и достоинствен глас на државата на меѓународната сцена, завршува соопштението.
Извор: Makfaks