Холандскиот амбасадор смета дека по локалните избори се променила политичката рамнотежа, но проблемите на македонското општество не се промениле.
-Важно е да продолжат реформите. Лани оваа земја стана членка на НАТО и по неколку години ќе стане членка на Европската Унија. Во таа насока проблеми по патот секогаш ќе има како што е сега проблемот со Бугарија. Тие проблеми ќе бида решени. Ние секогаш сме подготвени да ви помогнете да ги решите. Меѓутоа, тоа што е важно да нема големи емотивни падови и искачувања, туку да се продолжи со работа. Бидејќи, спроведувањето на реформите е единствениот начин да се најдете на масата на ЕУ и да имате подеднакво право на глас, рече амбасадорот Коп.
Тој денеска присуствуваше на настанот што го организираше Еколошкото друштво „Планетум“ во Струмица на кој се дискутираше за подобрување на квалитетот на животот во регионот и креирање одлуки од јавен интерес за животната средина.