Денес имам особена чест што во посета на Бутел е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно бевме на повеќе локации, бевме и на еден спортско рекреативен центар кој го отворивме пред неколку дена. Знаете дека во секое населено место имаме по еден спортско рекреативен центар, а во моментов се наоѓаме во првото место кое слободно може да го наречеме плоштад кој го носи името „Слобода“, истакна Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел.
-Конечно општина Бутел добива едно место каде ќе можат луѓето да се собираат и организираат манифестации на отворено. Не е ова ветениот плоштад кој го најавивме пред избори, ова е плоштад кој не беше најавен, а е изграден, а најавениот ќе биде многу поголем и ќе се наоѓа на територија на Бутел 1, веднаш до црквата Свети Јован и се надевам дека наскоро ќе почнеме со работа и таму.
Тоа што би сакал да го истакнам е дека плоштадот на кој се наоѓаме денес е со вредност од околу 4 милиони денари и би сакал да истакнам дека следната недела конечно реализираме предизборно ветување, барање на граѓаните повеќе децениско, а тоа е уредување и изградба на ново корито на реката Серава на потегот Радишани и ќе бидете известени за почетокот на изградбата.
Веднаш потоа ќе изградиме и трим патека за рекреирање, така да конечно граѓаните на Бутел ќе добијат вистинско место за рекреирање на територијата на општина Бутел, проект вреден околу 40 милиони денари и навистина и јас и мојот тим сме горди што едно од клучните предизборни ветувања ги реализираме.
Училиштето во Визбегово ќе започне со работа од први октомври. Во завршна фаза е веќе и завршена градинката на територија на општина Бутел, во моментов асфалтираме улици и до крајот на оваа година ќе бидат 60 нови асфалтирани улици за период од две години, што не било случај за 10 години наназад.
Општина Бутел се менува и ќе продолжиме со посилно темпо, особено за периодот кога многу скоро ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада и за разлика од сега кога немаме помош од централната власт, тогаш секако ќе имаме квалитетна помош за уште подинамично и поквалитетно да работиме на територија на општина Бутел и секако претседателот Мицкоски како иден премиер со огромна поддршка на сите проекти коишто ќе треба во иднина да ги реализираме, додава Костовски.