Ковачевски потврди дека нема никаков пазар за уставни измени, и на тој начин индиректно призна дека измените на Кривичниот законик ги прави исклучиво поради амнестија на ДУИ и СДС. Измените во Кривичниот законик со кој се намалуваат казни е за директорите и министрите од власта кои изминативе 6 години ја крадат државата, велат во ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Република.

Тендери во 4 очи, наместени набавки, се предмет на амнестијата на СДС и ДУИ за своите функционери. Ковачевски знае дека по падот од власт нема да ги имаат обвинителството и судството под контрола и ќе треба да се соочат со одговорност, затоа и ги намалуваат казните .Ковачевски е свесен дека оди во опозиција.