Почитувана Министерке за одбрана, г-ѓо Славјанка Петровска. АРМ била, Е и треба да остане гарант на мирот и стабилноста на државата, но под Ваше и раководство на Вашата претходничка ја деградиравте институцијата со најголема доверба кај граѓаните, напиша на Фејсбук пратенкот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Кој тоа нема доблест да признае успеси на АРМ? Па не да е за честитање, туку е и за пофалба начинот на кој што војниците и старешините се справуваат со состојбите во кои вие и вашата претходничка ја фрливте АРМ. Дали не се срамите со тоа што нашите старешини сами купуваат хартија и тонери за печатење? Тоа ли е за честитање? Дали не се срамите од постапки со ликови како Темелко Ристевски на кого му исплативте 10.000 евра за да ви пишува фејсбук-статуси за СДСМ? И за Темелко ли да ви честитаме? Испративте осудено лице на мисија во Либан!!! Тоа ли да ви го честитаме? Со кој тоа образ се обраќате на јавноста и вашата неспособност ја криете позади редовните активности на АРМ? Го блокирате Законот за АРМ и не дозволувате тие што ги исфрливте од формација, цели 20 месеци да се непоставени, да не можат да заминат во пензија и на тој начин ја кочите трансформацијата на АРМ. Зошто не дозволите војниците да си ги земат ветените 1000 евра? Министерке, испративте војници на мисија во БиХ без одлука на Собрание!!!

-Тоа ли да ви го честитаме? Или да ви честитаме тоа што секој месец парично наградувате едни исти ваши партиски членови? Да не треба да ви честитаме и за дискриминацијата која ја правите во АРМ? И за тоа ли не сте слушнале исто како што немавте слушнато дека за војската нема превоз од Скопје до Велес? Праша Ковачки.

-Имам уште милион други прашања за кои сте директно одговорни. Не ја инволвирајте АРМ, туку погрижете се припадниците да го добијат заслуженото!

-Молчете и не се појавувајте на темата! Додаде тој.