„Почитувана македонска јавност, и непочитувани колеги од мнозинството кои што повторно ја силувате демократијата во ова Собрание, ова срам за Македонија. Уште еден голем срам за Македонија е ова што ќе и се случи денеска. Најголемото зло во Република Македонија е токму ова Собрание каде што повторно ќе кажам се гласаше претседател со две раце, каде што се носеше срамна промена на името, со насилство. Што правите сега? Повторно ја силувате демократијата и правите амнестија на криминалот“, истакна пратеникот Драган Ковачки на денешната собраниска седница.

„Амнестирате криминалци, амнестирате луѓе кои што се огрешиле пред законот, кои што го пљачкале државниот буџет. Зарем мислите дека со неказнивоста и со застарувањето на делата дека некој ќе забори што се случувало“, запраша Ковачки.

Тој посочи дека власта дебело се лаже дека ќе се спаси од криминалот.

„На овој ден станува јасно, ова се мрачни денови во кои живее Македонија. Меѓутоа е јасно како бел ден, две работи се јасни, првата дека е СДС и ДУИ јасно знаат какви криминали имаат направено. И втората работа е дека јасно знаат дека заминуваат од власт. И на овој начин се обидуваат да си го спасат криминалот односно да ги спасат овие кои што треба да седат од оваа страна на Парламентот“, рече тој.

Ковачки додаде дека пратениците од владејачкото мнозинство не треба да заборават дека ова ќе помине за неколку месеци и набргу ќе станат опозиција.

„За неколку месеци овие што седат од оваа страна ќе имаат три пати на ден топол оброк, а вие ќе можете да им носите храна“, нагласи Ковачки.

Тој укажа дека владејачкото мнозинство треба да се засрами од ова што го прави.

„Погледнете се сите во очи, за ова ли дојдовте на власт? За ова ли дојдовте на власт, прашајте се уште еднаш? За да ја манипулирате македонската јавност? Да ја крадете? Ова не е никаква демократија, туку класичен пример на автократија“, истакна пратеникот.