Поминаа цели 8 дена од објавата дека премиерот на државата дезертирал и одбил да учествува во одбрана на државата во 2001 година.
Со тоа што пред регрутната комисија поднесол документ дека е трајно неспособен, премиерот Ковачевски ги избегнал од законските обврски кон државата на чие чело е во моментов.
Нејасно е како на Ковачевски се’ уште не му е покрената постапка за утврдување на деловната способност од страна на Судот во вонпарнична постапка според членовите 34,35,36 и 37, како и поведување на постапка за издавање, односно одземање на безбедносниот сертификат за пристап до државни тајни којшто според член 38 од ЗКИ и член 4 точка 11 и 13 од Уредбата за безбедност на лица корисници на класифицирани информации не може да се издаде на лица кои НЕМААТ деловна способност и имаат здравствени проблеми.
Ковачевски одбил да ја брани државата во 2001 година и најпрвин ја лажеше македонската јавност дека бил на школување, а цела јавност виде дека се правел трајно неспособен.
Македонија се наоѓа во тешка криза, а дека со Ковачевски ќе продолжи да тоне и дека истиот нема ниту способност ниту интерес да работи во интерес на граѓаните, доказ е дека тој лажел пред надлежните институции и избегал тогаш кога бил најпотребен.
Во нормална држава досега премиерот дезертер ќе беше повикан на одговорност и од своите сопартијци за да потврди дали лажел дека е трајно неспособен или пак навистина е трајно неспособен.
Тоа говори на какво дно е симната антимакедонската СДС.
Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ