Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. преку статус на својот фејсбук, ја прикажа бедната слика и сојстоба во АРМ и упати критика кон раководството.

Тој упати прашање до врховниот командант Стево Пендаровски, дали е задоволен од начинот на кој што се заколнуваат на верност кон својата држава идните офицери.

Погледнете на кое дереџе ја симнаа АРМ.
Ова е слика од вчерашната заклетва на нашите идни офицери.
Момците и девојките даваат заклетва, а се без опасачи, без шлемови, без ножеви на пушки…
Се поставува прашањето, дали е тоа затоа што горенаведеното недостига во АРМ, или пак раководството на МО решило да ја пацифизира македонската воена иднина во ликот на младите момци и девојки?
*Нека се потсети секој што бил војска како се давала заклетва (се дава еднаш во живот), а нека се потсетат и повозрасните офицери и подофицери како било порано и дали тогаш имавме Армија или сега?
Врховниот командант Пендаровски задоволен ли е од начинот на кој што се заколнуваат на верност кон својата држава идните офицери? Или има потешкотии да одлучи што да прави со себе во следните месеци?
Што правиме од овие момци и девојки, лидери, командири и борци, или килава генерација офицери?
**ова само како дополна на сликата од време на Шекеринска кога војниците даваа заклетва без амблеми, знаме итн.