Повторно кријат за убиството и ги кријат сторителите. Додека Оливер Спасовски си ги вработува поранешните градоначалници во МВР, нарко-бандите продолжуваат да царуваат во Македонија, а нерасветлените убиства се показател за корумпираноста и неспособноста на МВР, но и на јавното обвинителство предводено од Љубомир Јовески. Имено, на 7 јуни, јавноста од локалните портали дозна дека во Струмица се случило грозоморно убиство на момче на 25-годишна возраст. И толку, стои во Фејсбук објавата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

– Што се случува во меѓувреме? Обвинителот Златко Иванов од ОЈО Струмица постапил по случајот со убиството во Ново Село – Струмичко. Во текот на постапувањето, обвинителот констатирал дека обдукцијата на телото била направена нереално, односно дека било манипулирано со трагите од насилство врз телото. (!!!) Според информациите, надлежните во судска медицина биле под притисок да изготват несоодветен извештај, односно да направат нереална обдукција на телото, со што истрагата би се затворила веројатно како несреќен случај или нешто слично. За ова бил запознаен и шефот на ОЈО Струмица – извесен обвинител Миле Петков, кој молчел и не се интересирал за овој случај, затоа што знаел каде ќе заврши истрагата, напиша тој.

Ковачки информираше дека ова е случај кој бил поврзан со наркотици и претпоставувате кој може да врши опструкции на истрагата, односно кој е тој што го контролира како пупка расцветаното правосудство со 8% доверба.

– 5 (пет) дена молчи МВР, молчи ЈО, молчат медиумите, молчат и граѓаните. Каква леснотија на прифаќање на тешки убиства и нивно забошотување… Државните институции немаат никаков авторитет поради силните врски помеѓу нарко-бизнисот, политиката, обвинителството и судството.Доколку итно не се преземат мерки, Македонија многу брзо ќе почне да наликува на Колумбија, додаде тој во својот Фејсбук статус.