Зошто е нервозата кај ДУИ? Прашува пратеникот Драган Ковачки.
-Затоа што знаат дека завршува дивеењето и лоповлукот. Како што сè има почеток и крај, така завршува и деценискиот политичко-криминален садизам на ДУИ.
ДУИ се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 61 пратеник на наредните вонредни парламентарни избори, затоа што тоа е ставот на народот и во Штип и во Тетово, и во Гевгелија и во Гостивар. Јасно е дека тоа не им се допаѓа на ДУИ и СДСМ затоа што нема повеќе да можат да го делат народот по етничка основа додека истовремено како сложни калуѓери да прават криминали, истакнува Ковачки во Фејсбук статус.
-Јасен е и оправдан е стравот кај ДУИ. Со освоени 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да има заштита за нивниот криминал, како што има сега додека СДСМ им ја администрира Владата. ДУИ знаат дека попуст нема да има, знаат дека пардон и пазар со правдата нема да има. Знаат дека мора да има одговорност и за Ласкарци, и за Тетовската болница, и за Беса Транс, и за обидот за криминал од 900 милиони евра, и за Талат Џафери кој со најпогрдни зборови се заканува на собраниски вработени, како тие да се негови робови, додека пионот Ковачевски сето тоа го оправдува и релативизира демек не слушнал и не видел, потенцира Ковачки.
-61 пратеник се потребни за да има одговорност за криминалот. Затоа што народот сака Влада која ќе испорача: право, правда, проекти и просперитет. Народот сака оваа национална катастрофа да запре. Народот бара промени, додава тој.