Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков објасни кој услов мора да се исполни за да се одржи директна средба меѓу Владимир Путин и Владимир Зеленски.

Кремљ за средбата очекува готов текст на договорот меѓу двете земји.

За време на дневниот брифинг, Песков ги негирал наводите дека Путин одбил да се сретне со украинскиот лидер.

-Претседателот на Русија никогаш не одбил таква средба, но за тоа треба да се подготват соодветни услови, односно текстот на договорот, рече тој.