-Како што се наближува крајот на годината, сите сме со желби за добри и убави работи, во контекст на развеселување на граѓаните и создавање пријатна атмосфера во градот, поставени се новогодишни украси и светлечки декоративни елементи долж главната улица „Св.Јоаким Осоговски“ и на централниот градски плоштад и парк. На мое големо задоволство, сите граѓани реагираат позитивно, а најмногу се радуваат најмладите жители, што и нас не радува, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
Тој посочи дека за новогодишно украсување се вложени околу 400.000 денари. За најмладите, рече, општината подготвува и новогодишна културно- уметничка програма.