Од Кривичниот суд појаснуваат дека осомичениот доставил лекарска документација, по што му е дозволено да оди на лекарски прегледи.

-Основниот кривичен суд Скопје, по добиено барање и доставена медицинска документација за закажани лекарски прегледи и специјалистички упат за лекарска интервенција, а согласно одредбите од ЗКП и Правилникот за куќен ред за извршување на мерките притвор, има издадено дозвола со конкретно определени денови и конкретно определен временски рок во текот на денот, кога на осомничениот Д.Р. му се дозволува извршување на прегледите и интервенцијата.

Дозволата е издадена со предупредување дека при евентулани злоупотреби, односно доколку по извршување на прегледите и интервенцијата во Здравствената установа и клиниката која ја издала документацијата, осомничениот не се врати во својот дом, ќе му се определи мерка притвор, ни одговорија од Судот.