Полицијата поднесе кривична пријава за Џ.Ш(33) од Скопје која пронашла изгубена лична карта, по што аплицирала за одобрување брз кредит.

Имено, пријавената пронашла изгубена лична карта на лице од Скопје, по што со неа на 19.12.2022, во една филијала на финансиско друштво, аплицирала за одобрување брз кредит, со што имала намера да се стекне со противправна имотна корист во износ од 32.000 денари, обидувајќи се да го доведе во заблуда вработеното лице во друштвото дека личната карта е нејзина, информира Министерството за внатрешни работи.