Неготинец бил осомничен за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Вчера во 13:40 часот во ОВР – Неготино бил извршен службен разговор со Д.К., на возраст од 21 година од Неготино, поради основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво по член 350 од Кривичниот законик, односно дека во армискиот полигон Криволак ги имал снимено и фотографирано возилата во конвој на АРСМ и ги објавил јавно на платформа на социјална мрежа, со што ја нарушил безбедноста и тајноста на активностите што ги реализира Армијата, појаснија од СВР – Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител.

-По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР Велес.