Поднесена е кривична пријава против сопственик на угостителски објект од Боговиње за непочитување на здравствените прописи за време на епидемија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А(31) од Боговиње и правно лице – угостителски објект од с.Горно Седларце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 29/30.05.2021, полициски службеници на СВР Тетово извршиле контрола во објектот и затекнале 18 вработени женски лица и 35 гости за време на забрана за работа на затворените простории на угостителските објекти, како мерка за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, посочуваат од МВР.