Кривичниот суд тврди дека не можел да предвиди ново злосторство

Кривичниот суд во Скопје ја шокираше јавноста со скандалозна изјава – не можеле да предвидат дека рецидивист во сообраќајни прекрошоци, лице осудено за продажба на дрога, може повторно да стори кривично дело. Но, во овој случај, станува збор за најтешкото злосторство – убиство.

Со оваа пресуда се создава историски преседан во Македонија – полнолетно лице добило воспитна мерка – поправен дом и било ослободено од притвор. Законот ова го дозволува, но ова е првиот ваков случај во Македонија.

Дилер на дрога добил само воспитна мерка

Јованов претходно бил вмешан во повеќе сообраќајни прекршоци. Васил Јован бил вмешан во сообраќаен инцидент во кој повредил човек, но поради повлекување на пријавата, добил само парична казна од 18.000 денари и прекршочна пријава. Лицето исто така не поседувало возачка дозвола.

Првата кривична пријава ја заработил кога бил осуден за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства. Судот ја минимизирал сериозноста на делото, без да ја земе предвид количината на запленетата дрога – 80 паковки на тешки наркотици, што укажува на сериозна намена за продажба.

И покрај сите овие индиции за континуирано криминално однесување, судот му доделил воспитна мерка и го пуштил на слобода.

Судот со скандалозна изјава – јавноста во шок

Во својата официјална изјава, Кривичниот суд се брани со тврдењето дека казната била одредена според законите за малолетници, бидејќи Јованов имал неполни 20 години при донесувањето на пресудата. Тој бил третиран како младо полнолетно лице.

Но, она што најмногу ја разбесни јавноста е ставот на судот дека не можеле да предвидат дека ослободеното лице повторно ќе стори кривично дело, и тоа убиство. Од Кривичен не ја гледале нивната вина и причината за гневот насочен кон правосудниот систем.

„Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот, после 7 месеци од донесената пресуда, може да стори друго кривично дело? Законите во нашата земја и меѓународните конвенции за човекови права тоа не го дозволуваат“, велат од Судот.

Колку вакви лица шетаат слободни низ Скопје? 

Гневот на граѓаните е разбирлив – судот ослободил лице кое:

  • Било дилер на дрога со 80 паковки тешки наркотици
  • Било вмешано во сообраќаен инцидент каде што повредил лице и бил без возачка дозвола
  • Добило воспитна мерка наместо притвор, а бил полнолетен.

Се поставува прашањето – колку вакви лица шетаат слободно по скопските улици? Колку уште животи ќе бидат загрозени поради судските пресуди? Колку убиства ќе се случат пред правосудството да преземе одговорност?

Случајот со убиството на младата Фросина Кулакова ја разоткри суровата реалност – правосудниот систем ја загрозува безбедноста на граѓаните.

Јавноста бара одговорност. Дали правдата конечно ќе профункционира, или овој случај ќе биде само уште една трагична статистика?