Ние како општина во изминатиот период поставивме корпи за отпадоци, како и два големи контејнери коишто служат за складирање на отпадот, но и покрај тоа сепак се забележува несовесно фрлен отпад и по зелените површини во околината, рече првиот човек на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информираше дека од општината интензивно работеле за уредување на локалитетот Крст во Кучково, кој во последните два викенди бил посетен од над 5.000 граѓани, но притоа упати апел посетителите да се однесуваат соодветно и отпадот да не го фрлаат насекаде.

– Во изминатиот период интензивно се работеше на уредување на локалитетот Крст во Кучково, за ѓорчепетровци да имаат убаво уредено катче каде што ќе можат да се рекреираат во текот на убавите сончеви денови и за време на викендите. Проектот веќе е генерално финиширан и се работи на завршни детали, резултираше со масовна посетеност како од граѓаните на општина, така и од посетители од другите делови на Скопје – вели Стојкоски.

Како што објасни градоначалникот, изминатите два викенди ова место го посетиле над 5.000 луѓе, со што можеме да утврдиме дека е зголемена фреквенцијата на луѓе, а со тоа и фрлањето на отпадоци од храна и пијалаци е во зголемен обем.

– Ние како општина во изминатиот период поставивме корпи за отпадоци, како и два големи контејнери коишто служат за складирање на отпадот, но и покрај тоа сепак се забележува несовесно фрлен отпад и по зелените површини во околината – рече првиот човек на општината.

Тој упати апел до сите граѓани кои го посетуваат локалитетот да се однесуваат совесно и да го одлагаат отпадот на точно предвидените места за тоа, се со цел да се задржи хигиената на локалитетот Крст – Кучково и околината на високо ниво и со тоа да работат на промоција на најубавото место за рекреација во нивната општина.

– Општина Ѓорче Петров во наредниот период ќе работи на доуредување на локалитетот и на поставување нови помали корпи секаде каде што циркулира поголема маса на посетители – додаде Стојкоски.