Имено, вчера попладне во Полициската станица Крушево, И.И.(34) од с.Алданци, крушевско, пријавил дека околу 16.00 часот во шума на место викано „Воденица“, во близина на Крушево, се сопнал и паднал, при што неговиот револвер „Црвена застава“, кој го поседувал со дозвола, испукал и го погодил во ногата.

-Тој бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото извршиле екипи од ОВР Прилеп и ОВР Крушево, а револверот и чаурата биле подигнати за понатамошна постапка, соопштија од полицијата.