-САД и нивните сојузници можат економски да ја нападнат Русија. Ние ќе се бориме на земја. Жал ми е што го кажувам ова, но ќе има многу убиени руски војници. Се надеваме дека претседателот Путин не сака тоа да се случи, рече Кулеба за време на неговата официјална посета на Велика Британија.
Шефот на украинската дипломатија изјави дека работи со сојузниците, како САД и Велика Британија, за начините како да се одбрани од Кремљ, но јасно стави до знаење дека украинската армија е подготвена да ја брани земјата.
-Ние, заедно со нашите партнери, треба да ја направиме ситуацијата таква што цената за Путин ќе биде неподнослива, рече Кулеба.