Шефот на украинската дипломатија, Дмитриј Кулеба, денеска порача дека неговата земја верува дека не постои ризик американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин да постигнат некаков договор за Украина зад грбот на официјален Киев.

-Украина им кажа на своите сојузници дека нема да прифати никакви договори постигнати во разговорите во кои Украина не е присутна, рече Кулеба.

Кулеба на прес-конференцијата со шведската министерка за надворешни работи, Ана Линд, додаде дека нема никаков ризик средбата да резултира со постигнување договор за Украина без тие да го знаат тоа.